Со особено задоволство би сакале да Ве информираме дека услугата Лично банкарство ја збогативме и надградивме со НЛБ Клубот на привилегии. Како корисник на услугата Лично банкарство, Вие сте член на НЛБ Клубот и имате можност да ги користите сите поволности и придобивки кои ги носи истиот.
НЛБ Клубот е креиран со цел да ја збогатиме услугата лично банкарство. Станува збор за програма на лојалност која во себе содржи поволности и попусти на повеќе од 380 продажни локации во Македонија, како и врвна услуга со посебен третман кај одредени продажни места.